Трамп: Имавме добри и продуктивни разговори со Путин, има „многу добри шанси“ војната во Украина да заврши
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека има „многу добри шанси“ војната во Украина да заврши.
„Имавме многу добри и продуктивни разговори вчера со претседателот на Русија, Владимир Путин. Има „многу добри шанси“ оваа ужасна, крвава војна конечно да заврши, но во oвој момент илјадници украински војници се целосно опкружени од руската војска и се во исклучително тешка и ранлива ситуација“, објави Трамп на неговата социјална мрежа „Трут Соушл“ (Truth Social).
Тој рече дека побарал од рускиот претседател да ги поштеди животите на украинските војници.