Три девојки безбедно симнати од Водно откако синоќа наишле на диви свињи
Tри девојки синоќа се успешно и безбедно симнати од Водно откако на бројот на итни случаи 112 побарале помош бидејќи наишле на диви свињи. Од Центарот за управување со кризи соопштија дека девојките синоќа по 23 часот се симнувале од врвот кон Средно Водно по што имале, како што велат од ЦУК, непријатна средба со диви свињи.
„На 112 во ЦУК пријавиле дека стадо диви свињи се постојано зад и околу нив, иако се симнувале по асфалтираниот пат и дека се многу исплашени. Притоа, побарале да се отклучи рампата на Средно Водно, за да може нивни блиски да ги земат со возило“ информираат од ЦУК.
Нешто пред полноќ по девојките дошло полициско комбе во коешто била и нивна братучетка. Девојките се успешно симнати од Водно и веќе се безбедни, додаваат од ЦУК.