Триесетдневен притвор за осомничениот за убиство кај Мавровка,во полициската станица „Пролет“ сам се предал и осомничениот по кој се трагаше

Основниот кривичен суд Скопје го прифати предлогот на Обвинителството и му определи мерка притвор на 39-годишниот Е.К., осомничен за убиството на Васил Е. што се случи вчера на паркинг-просторот зад трговскиот центар „Мавровка“ во центарот на главниот град.

Зградата на Основниот кривичен суд Скопје / Фото: Архива

„Постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство Скопје, за определување мерка притвор против Е.К. од Скопје, осомничен за две кривични дела убиство и убиство во обид , како и едно кривично дело неовластено изработување, држење, посредување и трговија со огнено оружје, а поврзано со вчерашното убиство на паркингот кај ТЦ ‘Мавровка’, по сослушување на осомничениот во присуство на неговиот бранител, донесе решение со кое го прифати предлогот и на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 30 дена“,  се вели во соопштението од скопскиот Основен кривичен суд.

Притворот, како што информираат од Судот е одреден по три основи од членот 165 став 1 од Законот за кривична постапка (ЗКП), односно поради опасност од бегство, попречување на истрагата со влијание на сведоци и повторување на делото.

Против решението на судијата на претходна постапка, странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје, посочуваат оттаму.

Претходно второсомниченото лице кое вчера веднаш по убиството беше уапсен по распитот било утврдено дека тој не е инволвиран во убиството и е пуштен а попладнево третоосомниченото лице кое беше во бегство попладнево се предал во полициската станица „Пролет“ како што јави тв Сител вечерва.

Back to top button
Close