„Трикафта“ спасува, пациентите со цистична фиброза добија многу брз и драматично добар ефект.
Директорката на Клиниката за детски болести професор доктор Стојка Нацева Фуштиќ, за „Слободен печат“ вели дека шестмината пациенти со цистична фиброза кои се задржани на оваа клиника за да го примат лекот „Трикафта“ се навистина расположени, со подобрена здравствена состојба и функција на белодробието и дека лекот кај нив дал исклучителен резултат.
-Им се подобри белодробната функција, расположени се и задоволни. Имаме шест пациенти кои ќе ги задржиме неколку денови повеќе заради третманот на инфекциите бидејќи повеќето од нив се со хронични инфекции. Терапијата Трикафта кај пациентите кои ги имаме на Клиниката даде брз, промптен и драматично добар ефект, вели доктор Фуштиќ за „Слободен печат“.
Меѓу овие пациенти е и претседателот на Здружението за цистична фиброза, Фики Гаспар, кој ни потврди дека ги прима апчињата на Детската клиника, на секои 12 часа.
-Ги примам апчињата и сум под надзор. Навистина има голем напредок, се чувствувам многу подобро.
Повеќена на слободен печат мк