Тројца отповикани и двајца со истечен мандат остануваат како в.д. амбасадори
Тројца од осумте амбасадори кои беа повлечени поради автентичното толкување на Законот за надворешни работи според кое тие без целосно завршна законска процедура биле упатени како амбасадори, како што дознава Телма, остануваат да ги извршуваат амбасадорските позиции во мисиите каде се упатени, но сега како вршители на должност.
Амбасадорите во Велика Британија, Катерина Ставреска, Во Бугарија, Агнеза Руси и во Џенк Сјфула во Шведска, чија дожност како амбасадори заврши на 30 април со указ за нивнот отповикување од претседателката на државата Гордана Силјановска Давкова, сепак не се враќаат во земјава, туку продолжуваат да ги извршуваат амбасадорските функции во Лондон, Софија и Стокхолм