Тројца повредени во пожарот во Кочани отпуштени од болницата во Варна

– Тројца повредени во пожарот во Кочани кои беа хоспитаизирани на Универзитетската болница за интензивна нега „Св. Ѓорѓи“ во Пловдив, денеска се пуштени на домашно лекување, соопшти прес-центарот на болницата, пренесува БТА.

– Пациентите – тројца мажи на возраст од 19, 21 и 48 години – беа примени во болницата на 17 март на Клиниката за пластична, реконструктивна и естетска хирургија, каде што беа сместени на интензивна нега поради сериозноста на изгорениците. За време на престојот во болницата, нивната состојба постепено се подобруваше, а медицинските специјалисти им ја обезбедуваа сета потребна нега и третман, се вели во соопштението.

Во моментов, сите пациенти се во стабилна општа состојба и ја напуштаат медицинската установа со пропишани препораки за следење и рехабилитација.

Тројцата пациенти и нивните роднини изразија благодарност до тимот на болницата  во Варна.

Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани што се случи на 16 март, животот го загубија 62 лица, а близу 200 беа поврдени. Некои од повредените беа  пренесени на лекување во други земји. Во Бугарија беа хоспитализирани 15 повредени – од нив осум во болницата „Пирогов“ во Софија, а другите во болниците во Пловдив и Варна.

Back to top button
Close