Тројно убиство во Подгорица: Убиени се браќата Хот (27 и 28 години) и уште едно лице

Тројно убиство во подгоричката наделба Стар аеродром – полицијата објави дека во населбата се пронајдени три безживотни тела – тројца возрасни мажи.

„Вијести“ од полицијата дознава дека меѓу убиените се браќата од Рожаје, Денис Хот (28) и Незрин Хот (27). Злосторството не е поврзано со пресметка меѓу криминални групи.

Полицијата трага по Вехид Муриќ од Рожаје, кој е осомничен за тројно убиство, а се верува дека злосторството во изнајмен стан е извршено во текот на ноќта.

Осомничениот, како што верува полицијата, убил тројца пријатели, со кои бил во Подгорица каде работел на градилиште, по што избегал.

Back to top button
Close