Трол фарми од Македонија и од Филипините објавувале дезинформации за коронавирусот, соопшти Фејсбук

 

 

Еден од најголемите дезинформатори за коронавирусот на Фејсбук е забранет од платформата поради  користење т.н. Трол-фарми од Северна Македонија и Филипините, соопшти Фејсбук.

Издавачот „Natural News“ беше една од најплодните „туркачи“ на вирусното видео за заговор „Plandemic“, кое лажно тврдеше дека коронавирусот е дел од сложен владин заговор за контрола на населението преку вакцини и погрешно тврдеше дека со носење маска се зголемува ризик од зараза со новиот коронавирус.

Фејсбук соопшти дека пронашле странски тролови кои постојано објавувале содржини од „Natural News“, веб-страница за борба против вакцинирање, која често објавува лажни теории на заговор за коронавирусот за 5G и Бил Гејтс. Тие, исто така, објавија содржини од сестринските веб-страници на – „NewsTarget“ и „Brighteon“, во обид вештачки да ја зголемат својота посетеност.

„Ги отстранивме овие страници за спам и несоодветно однесување, а не за содржините што ги објавија. Тие ги доведоа во заблуда луѓето за популарноста на своите објавувања и се потпираа на „фарми за содржини“ во Северна Македонија и Филипините“, се вели во соопштението на Фејсбук.

Од Фејсбук соопштија дека акциите се дел од рутинско спроведување против спам-мрежи.

Меѓу другите несоодветни однесувања, „Natural News “ ја објавија својата содржина со невообичаено висока фреквенција на посети, обидувајќи се да ги избегнат ограничувањата, со што ефикасно ги привлекоа алармите за спам на Фејсбук, соопшти компанијата.

Официјалната страница на „Natural News“ на Фејсбук беше забранета од Фејсбук минатата година, но страницата ја избегна забраната објавувајќи содржини во групите за дезинформации брендирани во „Amazing Cures“ и „GMO Dangers“, во кои имаше стотици илјади следбеници. По откривањето на манипулациите со странска платформа на Фејсбук, компанијата им забрани на сите корисници да објавуваат линкови до „Natural News “ и нејзините сестрински страници во целост на страницата на 19 мај.

Natural News е веб-страница во сопственост и управувана од Мајк Адамс, продавач на додатоци во исхраната, познати и под името „Здравствениот ренџер (The Health Ranger)“. Операцијата на Адам е далеку најлошото ширење на здравствени дезинформации преку интернет, се вели во анализата на Ен-Би-Си-Њуз.

Минатата година, веб-страницата беше домаќин на  статии за карцином на интернет. Написот во април, „Индустријата за рак не бара лек; тие се премногу зафатени со правење пари “, што ја промовираше неоснованата теорија на заговор дека„ Биг Фарма“ крие познат лек за рак за да ги задржи луѓето болни, имаше 5,4 милиони споделувања, коментари и реакции, претежно на Фејсбук, според податоците собрани преку BuzzSumo, компанија за анализи на социјални медиуми.

Во текот на своето 25-годишно работење, Natural News беше домаќин на илјадници статии кои одбиваат научен консензус, промовираат лажни лекувања и шират теории на заговор.

Неговите статии исто така ги насочија научниците и лекарите за вознемирување и насилство. Во април, на страницата имаше 3,5 милиони „гледачи“, според компанијата за аналитика на интернет, SimilarWeb.

Natural News беше забранет од Фејсбук во јуни 2019 година заради користење „погрешни или неточни информации“ за привлекување посети, се вели во соопштението на Фејсбук. Тие во тоа време имаа скоро 3 милиони следбеници.

„Предолго е“, рече Дејвид Горски, онколог од државниот универзитет Вејн, кој пишува за дезинформации во врска со здравјето и псевдонауката на веб-страницата Science based Medicine.

„Natural News и Мајк Адамс беа штетни за јавниот дискурс за наука, медицина и исто така и политичари, како  Алекс Џонс, на кого многу му се допаѓа“.

Адамс не одговори на барањето за коментар, но се осврна на забраната на неговата веб-страница, нарекувајќи ја „палење дигитална книга“, а ги повикува читателите да се жалат на „Фејсбук“ и да поднесат тужба за граѓански права во Министерството за правда.

Avaaz, активистичка организација која води кампања против дезинформација на интернет, објави студија во која тврди дека „Natural News“ достигнале нови височини по првичната забрана минатата година со создавање неформални подгрупи што ширеле низ мрежата на социјалните медиуми  здравствени дезинформации.

„Откако се случило преземањето, Natural News достигнале до стотици милиони луѓе со употреба на страници што туркаат оваа дезинформација“, рече Лука Никотра, истражувач во Avaaz.

Истражувањето на Avaaz откри дека содржините на „ Natural News “ имале повеќе ангажираност на „Фејсбук“ отколку линкови до СЗО и ЦДЦ комбинирани во текот на минатата година.

Никотра го нарече потегот на Фејсбук за забрана на Natural News „многу храбар потег и нешто обично резервирано за спамери“. Тој рече дека е „среќен“ со големиот чекор на „Фејсбук“ да се урне како што го нарече „серискиот дезинформатор“, и додаде дека треба да се направи повеќе работа за да се сочуваат корисниците безбедни.

„Она што е потребно е голем детокс, системско решение за карантин за дезинформатори за здравјето. Ако тоа не го сторат, нивните лаги и заговори би можеле да загадат милиони повеќе и да се заканат на глобалниот одговор на Ковид-19, вели Никотра.

Back to top button
Close