Трудница нурнала во океанот за да го спаси сопругот од ајкулата

Бремена жена го спасила сопругот од нападот на ајкула во Флорида Кис, скокајќи во морето кога видела дека тој бил нападнат.

Како што соопштила полицијата, Ендру Чарлс Еди (30) отишол да нурка во неделата во близина на гребенот Сомбреро кога го нападнала ајкула и го гризнала речиси веднаш откако влегол во водата, пренесува Би-би-си.

Неговата сопруга Марго Дјук Еди ги видела перките од ајкулата и крвта на нејзиниот сопруг, поради што веднаш скокнала во морето и нурнала.

Откако го извлекла сопругот на сигурно, другите членови на семејството повикале брза помош и мажот бил префрлен со хеликоптер во болница во Мајами поради тешки повреди на рамото.

Брзата помош соопштила дека Еди е во критична состојба кога службата пристигнала на лице место.

Инаку, брачната двојка од американската држава Џорџија летувала со своето семејство на Флорида и заедно пловеле на приватен брод, а како што се наведува, кога Еди влегол во водата, неколку членови на неговото семејство веќе нуркале со маски.

Очевидците на страотната случка подоцна изјавиле дека претходно во текот на денот виделе ајкула долга помеѓу два и три метри.

Флорида има најголем број напади на ајкули во светот, а лани беше пријавен 21 напад.

Back to top button
Close