Уапсен екс директорот на Државни патишта – Ејуп Рустеми од ДУИ
Екс директорот на Државни патишта уште двајца вработени во оваа компанија како и сопственик на агенција за обезбедување утрово се приведени во полициска акција, пренесе Press24 повикувајќи се на полициски извори.
Според нашите информации, приведен е екс директорот Ејуп Рустеми, раководителот на одделението на наплата на патарини и контрола Дрилон Зибери како и помошникот на директорот за одржување на патишта Ејуп Љатифи.
Покрај нив приведено е и уште едно лице сопственик на агенција за обезбедување.
Информацијата до овој момент нема официјална потврда од МВР или од Обвинителството.
Неофицијално, Press24 дознава дека групата се гони за дела поврзани со корупција.
Според информациите на ТВ21, приведени се и Дрилон Зибери (раководител на одделение за наплата на патарини и контрола), Ејуп Љатифи (помошник директор за оддржување на патишта) и Џемал Билбиловски (сопственик на 2СС обезбедување).
Во текот на неделата, се очекува приведување на уште најмалку 15 други лица. Се работи за поранешни и сегашни службеници и раководители во повеќе институции како ЈПДП, Македонијапат, Пазарна инспекција, како и во секторот рударство