Уапсен таткото на седмоодделенецот, заедно вежбале стрелање, а пиштолите ги чувал во сеф
Министерот за внатрешни работи на Србија, Братислав Гашиќ изјави дека покрај момчето кое денеска го изврши масакрот во училиштето во Врачар, уапсен е и неговиот татко.

Момчето, како што беше речено на вонредна прес-конференција, имало список со имињата на децата што планирал да ги ликвидира. На училиште дошол со оружје што му го земал на татко му.
Веселин Милиќ, началник на белградската полиција, изјави дека ученикот се јавил во полиција и рекол: „Јас сум Коста Кецмановиќ“ и пријавил дека застрелал неколку луѓе.