Убиени најмалку 260 цивили во вооружен напад во Етиопија

Најмалку 260 цивили се убиени во напад на вооружени лица во западниот етиопски регион Оромија.

Според едно лице, кое учествувало во закопувањето на телата во масовни гробници, убиени се 260 цивили. Друго пак, тврди дека убиени се 320 луѓе.

Претходно, премиерот Аби Ахмед го осуди тоа што го опиша како „ужасни дејствувања“ во Оромија. Но, тој не наведе детали.

„Нападите врз невини цивили и уништувањето средства за живот од страна на нелегални и нерегуларни сили се неприфатливи“, напиша Ахмед на Твитер.

Back to top button
Close