Јубилејно издание на Абецедарот – Буквар за македонските деца во Грција печатен пред сто години во Атина
Во издание на „Матица македонска“ од Скопје излезе од печат јубилејно издание на Абецедарот -Буквар за македонските деца во Грција, објавен во 1925 години во Атина. Ова дело е драгоцен документ за македонската лингвистичка наука, а уште повеќе за македонската историографија, наведува издавачот.
Абцедарот е печатен на хрватска латиница на леринско-битолско наречје. Всушност тој е првиот документ пишуван по Речникот на Џанели од 16. век и Даниловиот четиријазичник од 19. век, пишуван на македонски народен јазик.
Грчкиот публицист и специјалист за балканските прашања, Никос Зарифис, излегувањето од печат на Букварот го оценува како вонреден настан во животот на малцинствата во Грција. Во весникот „Елфтерон Вима“ од 19 октомври 1925 година, пишува: „Имаме веќе готов буквар за словеногласните, за што грижливо се погрижија и добросовесно работеа специјалистите Г. Г. Папазахариу Сајакис и Лазару. Тоа е дело кое наспроти тешкотиите за неговото составување, претставува прирачник за употреба…“