Ученик тешко повреден по пад од прозор од третиот спрат во училиште во Прилеп
Денеска по пад од прозорец тешко е повреден шесттоодделенец во ООУ “Гоце Делчев” Прилеп.
Ученикот со тешки телесни повреди е примен во прилепската болница “Борка Талески”, каде е констатирано дека се здобил со скршеници на коската од петицата, како и скршеници на прешлените, пренесе Маркукуле.
Поради сериозноста на повредите, детето е итно префрлено на клиниката за детска хирургија во Скопје.
Во моментов надлежните работат на расчистување на случајот и утврдување на точните причини позади несреќниот настан