Украина: Серија експлозии во Херсон

Серија експлозии се случија денеска во јужниот украински град Херсон, објави на Телеграм шефот на градската воена управа Роман Мрочко.

„Експлозии се слушаат во крајбрежните области на Херсон“, напиша Мрочко.

Тој ги повика жителите да не остануваат на отворени простори, а подоцна објави дека гранатирањето на градот продолжува.

Руската армија почна да ја напаѓа украинската инфраструктура на 10 октомври 2022 година – два дена по експлозијата на мостот на Крим, зад кој, според руските власти, стојат украински специјални служби. Оттогаш, руската војска ги гаѓаше енергетските, комуникациите и воените објекти низ Украина, а предупредувањата за воздушни напади важат секојдневно.

Back to top button
Close