Украинските сили собориле 65 руски дронови, 28 лица повредени во Дњепар

 Украинските сили за противвоздушна одбрана соопштија дека пресретнале 65 од 111 беспилотни летала користени од Русија за напад на Украина во текот на ноќта.

Како резултат на мерките што ги преземаа украинските сили за електронско војување, од радарите исчезнале 35 дронови.

Украинските воздухопловни сили соопштија за причинета материјална штета во регионите Харков, Суми, Одеса и Доњецк.

Во напад со дрон во градот Дњепар повредени се 28 лица, од кои девет се во болници, објави на Телеграм шефот на Регионалната воена управа на Дњепропетровск, Сергеј Лисак. Во Херсонската област четири лица се повредени за време на руските напади во изминатиот ден, објави на Телеграм шефот на регионалната државна управа на Херсон, Олександр Прокудин.

Back to top button
Close