Умерен земјотрес регистриран во близина на Неапол

Земјотрес со интензитет од 4,7 степени според Рихтеровата скала синоќа е регистриран во јужна Италија во близина на Неапол.

Епицентарот на земјотресот бил во областа Кампи Флегреи западно од Неапол на длабочина од три километри.

Земјотресот предизвика прекин во снабдувањето со електрична енергија и мала материјална штета на зградите во Неапол и околината.

Локалните власти соопштија дека поради претпазливост го прекинале локалниот железнички и метро сообраќај.

Back to top button
Close