УНИФИЛ била информирана за планираниот израелски упад во Либан

Мировната мисија на Обединети нации во Либан (УНИФИЛ) денеска соопшти дека била информирана од израелската армија за намерата да изведе ограничена копнена офанзива.

 

Иокрај новиот развој на настани во Либан членовите на мировната мисија ќе останат на своите позиции, се наведува во соопштението на УНИФИЛ.

Мисијата упати апел до сите учесници во судирот да се воздржат од акција што може да доведе до ескалација на ситуацијата.

Секој упад во Либан е кршење на либанскиот суверенитет и територијален интегритет и кршење на Резолуцијата 1701 (на Советот за безбедност на ОН), истакнува УНИФИЛ.

Резолуцијата 1701 на СБ на ОН стави крај на војната помеѓу Хезболах и Израел во 2006 година и предвидува целосно повлекување на Израел од јужен Либан, како и присуство само на либанските вооружени сили и на УНИФИЛ јужно од реката Литани

Back to top button
Close