Усеини: Во Воска инвестирав и потрошив стотици илјади евра лични средства

Еден ден откако прволигашот Воска Спорт официјално соопшти дека се повлекува од настапите во Првата македонска фудбалска лига, првиот човек на клубот, Нефи Усеини им се обрати на јавноста и навивачите на клубот и откри поради кои причини беше донесена ваква одлука, пренесе Гол.мк.

Имено, сопственикот на Воска Спорт истакна дека потрошил стотици илјади евра од лични средства, а неговата идеја била да се изгради клуб кој ќе обединува.

„Од основањето на клубот Воска Спорт мојата идеја и онаа на моите соработници беше јасна – да изградиме клуб кој нè обединува и нè претставува достоинствено, како држава, како град, како албанска заедница, не само на оваа страна, туку и подалеку.

Како претседател на клубот инвестирав и потрошив стотици илјади евра од лични средства, без никаква поддршка од друга институција или поединец. Ова го направив со срце, со страст и со убедување дека градиме проект со кој сите Албанци ќе се фалат. И фактите сами зборуваат -за кратко време успеавме да станеме дел од ПМФЛ“, меѓу другото истакна претседателот на Воска Спорт.

Охридскиот клуб, според пропозициите, се сели во најнизок ранг на натпреварување, а сите натпревари до крајот на сезоната ќе бидат регистрирани со службени 3-0 за противникот

Back to top button
Close