Уште двајца полицајци под истрага за тепањето на колега во скопска кафеана

Обвинителството вчера соопшти дека од МВР ја добиле кривичната пријава за инцидентот кога обезбедувачот на Христијан Мицковски вработен во МВР го истуркал и го удрил со бокс еден од полицајците кои дошле во ресторанот да извршат претрес за дрога и практично го спречил да ја направат проверката.

Утрово, како што соопшти дополнителниот заменик министер Митко Бојмацилиев истрагата за овој инцидент е проширена со уште двајца припадници на МВР.

„Утрово сум информиран дека истрагата се проширува уште кон двајца колеги. Повеќе информации не би можел да дадам“,изјави Бојмацилиев.

Инаку осомничениот тепач неколку години е дел од обезбедувањето на Мицковски. На јавноста и е познат од времето на пандемјата кога во придружба на Мицковски беа во теретана и во ресторан во Дебар маало и побегнаа од инспекцијата кога, заради пандемијата одење во угостителски објекти и клубови беше забрането.

Back to top button
Close