Уставниот суд ја прифати иницијативата на сопругот на Jанкулоска за поротниците, со која судењата може да се вратат и по третпат отпочеток

Судските процеси од поранешното специјално јавно обвинителство (СЈО) кои се против високи поранешни државни и владини функционери, има шанса да се вратат и по третпат на почеток. Уставниот суд поведе постапка за мандатот на една од најслабите карики во судството, судиите-поротници, поради кои судењата како „Тортура“ кај што е обвинет Сашо Мијалков, „ТНТ“ каде се обвинети Никола Груевски, Миле Јанакиески, Тони Трајковски, се вратија отпочеток, од нула, пишува СДК.

На иницијатива на сопругот на ексминистерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, адвокатот Влатко Илиевски од Скопје, Уставниот суд на 12 мај поведе постапка за владината уредба со која на судиите поротници, на кои мандатот им истекува за време на вонредната состојба, им го продолжи, но до завршување на комплетната постапка по судскиот предмет.

повеќе

Back to top button
Close