Вардар рутински до победата против Тиквеш


Ракометарите на Вардар вечерва забележаа победа од 36:26 против Тиквеш во дуелот од претпоследното коло од плеј офот од Супер лигата. „Црвено-црните“ пред неколку кола ја обезбедија шампионската титула, па така тренерот Иван Чупиќ со комбиниран состав се појави на дуелот со кавадарчани.

Но, и овој состав на Вардар успеа да слави победа вкупно 29.та во шампионатот и со бројот на постигнати голови денеска да ја мине бројката од 1.000 голови (трет тим во лигата по Еурофарм Пелистер и Алкалоид).

Најефикасен кај победникот беше Кристијан Атанасовски со 6 голови, а Томче Стојановски постигна исто така 6 голови.

Во првиот дуел од оваа рунда Охрид – Еурофарм Пелистер 22:25, додека утре од 18 часот играат Алкалоид –

Back to top button
Close