Ватикан објави фотографии од телото на папата изложено во ковчег

Телото на папата Франциск е изложено во ковчег во резиденцијата „Санта Марта“, објави Ватикан.

Објавени се и фотографии и видео, на кои се гледа како телото на папата Франциск е изложено во дрвен ковчег во резиденцијата „Санта Марта“ во Ватикан.

Кардиналот Пјетро Паролин до телото на папата Франциск / Фото: Ватикан

Ковчегот на папата подоцна ќе биде пренесен во базиликата „Свети Петар“, каде што јавно ќе биде изложено.

Кардиналите денеска се состануваат со цел да ги договорат деталите за погребот на папата, што е првата од серијата генерални собранија што ќе ги одржат по неговата смрт.

Обредите на жалост траат девет дена, а за датумот на погребот ќе одлучат кардиналите.

 

Back to top button
Close