Вечерва пожари на повеќе локации низ државата
На европскиот број за итни повици 112 вечерва се пријавени пожари на повеќе локации во земјава, информираат од Центарот за управување со кризи. Две екипи на Територијалната противпожарна единица од Битола интервенираат во гаснење на запалено стрниште кај селото Новаци, кој се шири кон селото Стрновци. Пријава дека има запалено стрниште е добиена и за влезот во селото Романовце.
Од ЦУК информираат дека шумски пожар од село Лојане се движи према селото Ваксинце, за што се известени од Територијалната противпожарна единица од Куманово за да се интервенира.
Две противпожарни возила и четворица пожарникари, како што информираат од Територијалната противпожарна единица од Пробиштип, се вклучени во гаснење на пожар кај селото Ратевица, каде што гори нива.






