Велешанец каснат од навидум безопасно животно – морал во болница

Видра нападнала велешанец, го каснала и морал да бара помош во велешка болница. Настанот се случил на 5 јануари во вечерните часови, кај Капиновски вирови, преградени на реката Бабуна.

„Во езерцата чувам крапови и вечерта околу 20ч. кога сакав да уловам крап, го осветлив просторот со батериска лампа, некое животинче скокна и ме касна. И тоа преку јакна, облека за десната рака. Парче месо ми скина, видов дека е видра, морав да барам помош од доктор“ – ракажа лицето за ТрМр, кое било каснато, на 47 годишна возраст.

Во велешка болница го потврдија настанот.

„Вечерта на 5 јануари, околу 21,30ч. на Ургентното одделение е дојден пациент кој се пожалил на каснување од видра на десната надлактица. Извршена е хируршка интервенција и пуштен на домашно лекување“- кажа д-р Билјана Босилкова, портпарол на ЈЗУ Општа болница Велес.

Досега во велешка болница не помнат дека имале интервенција врз пациент, кој бил повреден од каснување на видра.

Видрата е месојаден цицач од семејството на куните. Таа е добро прилагодена за живот во слатки води. Познати се како екстремно вешти пливачи. Видрите пред сè се хранат со риба, активни се ноќе

Back to top button
Close