Велешкото обвинителство отвори предмет по повикот на Агатангел за масовна посета на храмовите за верскиот празник Задушница
![](https://libertas.mk/wp-content/uploads/2020/06/veleshkoto-obvinitelstvo-otvori-predmet-po-povikot-za-masovna-poseta-na-hramovite-za-verskiot-praznik-zadushnica.jpg)
Основното јавно обвинителство Велес отвори предмет по допрен глас по објавите во медиумите и јавното соопштение на митрополитот Агатангел и Повардарската епархија, со кое ги повикува верниците на масовно одење во храмовите за време на верскиот празник Духовденска задушница, в петок и во сабота, во тек на целиот ден, додека во сила е забраната за групирање на територијата на целата држава, забраната за движење на населението во одредени временски периоди и забраната за пристап до гробишта.
Со цел утврдување на факти во предметот и евентуална кривична одговорност, соопшти денеска Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, велешкото Обвинителство даде насоки на СВР Велес за обезбедување податоци во однос на стореното дело и испитување на околностите дали содржи обележја на кривично дело, како и во поглед на почитувањето на мерките што се определени од страна на Владата на Република Северна Македонија.