Велика Британија ќе суспендира 30 дозволи за извоз на оружје во Израел

 

Велика Британија веднаш ќе суспендира 30 од 350 дозволи за извоз на оружје во Израел поради ризикот дека таквата опрема може да се користи за сериозно кршење на меѓународното хуманитарно право, изјави министерот за надворешни работи Дејвид Лами, појаснувајќи дека не станува збор за ембарго.

Набргу по победата на Лабуристичката партија на општите избори во јули, Лами рече дека ќе ја разгледа продажбата на оружје на британскиот сојузник Израел за да се осигура дека тие се одвива во согласност со меѓународното право.

„Со жалење денеска го информирам Долниот дом на Парламентот дека поради проценката што ја добив, не можам да заклучам ништо друго освен дека за одреден (дел од) британски извоз на оружје во Израел навистина постои реален ризик да се користи за извршување, овозможувајќи сериозни прекршувања на меѓународното хуманитарно право“, рече Лами.

Тој додаде дека најавената суспензија не значи целосна забрана за извоз или ембарго за оружје.

Лами исто така рече дека Британија сè уште го поддржува правото на Израел на самоодбрана во согласност со меѓународното право

Back to top button
Close