Верстапен: Норис можеше да стане светски шампион

Светскиот шампион Макс Верстапен ја коментираше неодамна завршената сезона во Формула 1 и сподели неколку интересни толкувања за текот на битката за титулата.

-Дали Ландо Норис можеше да стане светски шампион? Се разбира. Оваа сезона Мекларен има многу добар болид, но нивниот тим не беше доволно стабилен. Добро се претставија во битката за конструкторската титула, но можеа и подобро во поединечниот пласман. Јас и Ландо остануваме пријатели. Си пишуваме, се среќаваме, неодамна му се јавив да размениме кациги – такви работи, изјави Верстапен за „Виаплеј“.

Макс посочи и кој бил решавачкиот момент во битката за титулата сезонава, а тука нема изненадување – трката во Сао Паоло.

-Одлучувачкиот момент? Мислам дека во Бразил. Ни требаше оваа победа, а по победата во трката сфатив дека не можеме да ја загубиме титулата. Бев многу лут по квалификациите, но со текот на годините научив да ги насочувам негативните емоции во позитивна насока. Во спротивно може да бидам лут и да направам грешки на патеката, изјави Макс.

Верстапен го коментираше и односот на силите оваа сезона во Формула 1.

-Оваа година не ни сонувавме да победиме на сите натпреварувања. Сезоната 2023 беше неверојатна, но сега знаевме дека според сегашната регулатива нема шанси да ја повториме. Продолживме да одиме напред, трка по трка. Бев сигурен дека нашите ривали ќе не стигнат, но тоа не се случи на првите трки, призна шампионот.

Back to top button
Close