(ВИДЕО) Ал Џезира: Светска популарност на македонските патики-Сатја Грабулоски дизајнира за Најк, Адидас, Конверс, Мартинс

Сатја Грабулоски, кој пред седум години почна да црта патики од 1 фунта со еден маркер и  ја започна бизнис приказната  SWithADot, денес дизајнира за големите светски брендови како Најк, Адидас, Конверс, Мартинс. Неговата приказна почнува во објект во старата Скопска чаршија, каде што екипата на Ал Џезира Бизнис за магазинот „Покрени“ го почнува документарниот видео материјал за Сатја Грабуловски со наслов „Светска популарност на македонските патики“.Во овој видео материјал, македонскиот уметник кој изработил патики за светски ѕвезди (Sergio Ramos, Henrikh Mkhitaryan, Axwell/\Ingrosso, Dimitri Vegas & Like Mike, Pero Antic, Dua Lipa, Natalia&Esther) раскажува како успеал во бизнисот. Потекнува од уметничко семејство и за него не било ништо ново да се обиде да живее од уметноста. Неговата најголема желба е да внесе ентузијазам кај младите од овој дел на светот, дека ништо не е невозможно и дека можат да успеат со визија, кретивност и уметнички производ.

(А.В) 

Преземено од novatv.mk

Back to top button
Close