(ВИДЕО) Али Ахмети распеан пред вечерашниот митинг на ДУИ во Чаир

Вицепремиерот Артан Груби на својот фејсбук-профил објави видео на кое лидерот на ДУИ, Али Ахмети, пее патриотска песна заедно со косовскиот пејач Илир Шаќири.

Во описот на видеото Груби пишува „Нацијата е прва меѓу нас вечерва! Заедно за ЕУ.“

Груби пред да го објави видеото со распеаниот Ахмети, на Фејсбук го најави вечерашниот митинг што ДУИ ќе го одржи во Чаир. Тој во најавата за митингот ветува невиден спектакл, особено за младите.„Не пропуштајте, зашто потоа ќе барате да слушнете од другите како беше да се биде дел од историскиот митинг каде ќе се гради иднината“напиша Груби.

На денешниот собир во Чаир, кој е закажан за 19 часот кај спортската сала „Шабан Трстена“, ќе присуствува и лидерот на интегративците, Али Ахмети.

 

Back to top button
Close