(Видео) Безбедносната состојба во државата е стабилна, оцени Советот за безбедност
Безбедносната состојба во државата е стабилна и нема индиции кои укажуваат на можно нејзино загрозување, оцени Советот за безбедност на денешната седница.
„Како членка на НАТО, Македонија е во редовна координација со Алијансата и сојузниците по однос на активности кои се преземаат за зајакнување на безбедноста во евро-атлантскиот простор“ се заклучоците од седницата на Советот за безбедност во претседателската вила на Водно, на која покрај претседателот Стево Пендаровски и членовите на Советот за безбедност, присуствуваа и директорот на Агенцијата за национална безбедност, Зарко Милошевски и директорот на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу.
Покрај претседателот Пендаровски, членови на Советот за безбедност се претседателот на Собранието, Талат Џафери, премиерот Димитар Ковачевски, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерката за одбрана Славјанка Петровска, министерот за надворешни работи Бујар Османи, како и универзитетските професори Ненад Марковиќ и Ветон Љатифи.