ВИДЕО: Bo „битка“ кој го фатил прв го скршија крстот во Охрид
Тајфата од Охридската маала Варош која со години го фаќа крстот, а во тоа им „помага“ и владиката Тимотеј годинава по долги години останаа со празни раце.
На преносот на тв се виде дека крстот прв го фати Охриѓанецот Никола Јакимоски кој не е од старото охридско маало Варош. И настана тегнење, друго лице се обиде да му го истргне од рацете па така крстот се скрши, поголемиот дел остана во рацете на вистинскиот фаќач, а еден помал дел кај оној што насила сакаше да му го земе. Оваа сцена ги изнасмеа присутните на кејот на охридското езеро.
Адет е крстот тој што го фатил да го носи на целивање за среќа и здравје по куќите во градот а тие да го даруваат со пари.Охриѓани со години коментираа дека една иста тајфа од Варош е организирана да го фати крстот за здравје и среќа ама и за пари.