(Видео) Евакуирано 51 лице од плажа на Крит поради големиот пожар

По морски пат, со патролен брод на крајбрежната служба на Грција и два приватни чамци беше евакуирано 51 лице од плажата Превели во јужниот дел на Крит, поради големиот пожар што избувна вчера и сè уште не е ставен под контрола, јави дописничката на МИА од Атина.
Од крајбрежната служба на Грција, објавија видео од акцијата за спасување и информираа дека се спровела во неповолни временски услови, со северни ветрови со јачина од 8 Бофори.
Спасените лица беа пренесени на пристаништето во местото Агиа Галини, а сите се во добра здравствена состојба.
Акцијата била под општа координација на Министерството за климатска криза и цивилна заштита, на Единствениот координативен центар за операции и управување со кризи и Оперативниот центар на крајбрежната служба, а во конкретната областа и понатаму остануваат еден спасувачки брод и два приватни чамци, а кон местото се упатува и брод на ФРОНТЕКС






