(ВИДЕО) Филипче: 15 фамилии носат 90 отсто од новите случаи

Министерот Венко Филипче на денешната прес конференција соопшти дека околу 15 семејства носат 90 отсто од новите случаи деновиве што е всушност и причината за порастот на случаите.

Ова, според министерот за здравство Венко Филипче, укажува дека болеста се шири тесно во рамки на овие кластери, но, сепак, како што рече тој, има случаи и надвор од овие семејства, што покажува дека вирусот е присутен во нашата земја.

– Несомнено е дека имаме еден втор бран којшто е резултат на непочитувањето на мерките за собири и групирање што го докажа и деталниот увид во деталните епидемиолошки прашалници. Но зголемениот број на заболени е очекуван поради начинот на тестирање што се применивме измиинатите денови, истакна Филипче на денешната прес-конференција.

Нагласи дека очекувањата се оти овој бран многу кратко ќе трае, но сепак, како што рече, се максимално внимателни и претпазливи.

Рече дека и вирулентноста слабее и околу 90% се асимптоматски со многу лесни симптоми, иако има дел коишто се со тешка клиничка слика, поради што, рече Филипче, потребно е почитување на мерките.

Back to top button
Close