(ВИДЕО) Голема експлозија во руска фабрика – повредени се две лоца

Две лица се повредени во експлозија и пожар во фабрика за полимери во рускиот град Шакти.

Како што објави на Телеграм, Ектареина Стењакина, пратеник на руската Дума од Ростовската област, експлозијата се случила во фабриката за полимери „Авангард“.

„Се уште ги утврдуваме сите детали. Станбените згради не беа погодени, но фабриката претрпе штета. Пожарот предизвикан од експлозијата се уште не е изгаснат“, рече Стењакина.

Таа додаде дека нема загинати, но две лица се пренесени во болница. Работниците во фабриката се евакуирани.

Back to top button
Close