(ВИДЕО) Градоначалникот на Њујорк: Нетанјаху е воен злосторник и треба да биде уапсен!
Зохран Мамдани, градоначалникот на Њујорк, го нарече израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху воен злосторник во видео објавено на социјалните мрежи, изјавувајќи дека се согласува со ставот на Меѓународниот кривичен суд оти Нетанјаху треба да биде уапсен и осуден.
Benjamin Netanyahu is a war criminal. pic.twitter.com/YRezmW6YVx
— Mayor Zohran Kwame Mamdani (@NYCMayor) July 22, 2026
„Бенјамин Нетанјаху е воен злосторник, архитект на страшниот геноцид врз палестинскиот народ“, рече Мамдани.
„Тој е одговорен за убиството на повеќе од 73.000 луѓе“ порача тој и прецизираше дека „Нетанјаху е одговорен за осакатување на десетици илјади деца, бидејќи оние што преживуваат се подложени на ампутации без анестезија“, како и „за напади врз болници за новороденчиња и породилишта, со што на новороденчињата им се ускратува дури и шансата за живот“.
Тој го обвини израелскиот премиер дека ги изгладнува луѓето преку блокирање на хуманитарната помош и дека е одговорен за „убивање стотици хуманитарни работници и новинари“.
Мамдани истакна дека Обединетите нации ги потврдиле неодамнешните наоди поврзани со конфликтот.
„И само минатиот месец, ОН потврдија дека палестинските деца сè уште се намерна цел и се убивани од израелските вооружени сили, повеќе од осум месеци по таканаречениот прекин на огнот“, рече тој.
Мамдани ги поврза своите зборови со налогот за апсење на Нетанјаху издаден од Меѓународниот кривичен суд.
„Постои причина зошто Меѓународниот кривичен суд издаде налог за негово апсење. Како човечки суштества, со генерации градиме заедничко разбирање дека постојат злосторства толку тешки што ја навредуваат целото човештво. Секој, со своите очи, своето срце и својата совест, треба да ја препознае уништувачката штета што е предизвикана и да разбере дека местото на одговорните е пред судот“, рече Мамдани.
Мамдани изјави дека неговата администрација ги разгледала правните можности на градот.
„Мојата администрација ги разгледа сите достапни опции според важечките закони за да утврди дали Њујорк би можел да го спроведе налогот на Меѓународниот кривичен суд доколку Бенјамин Нетанјаху дојде овде. Јасно е дека ние немаме независно правно овластување да го спроведеме овој налог. Сепак, федералната влада го има тоа овластување. Затоа, ги повикувам да му се придружат на Судот и да го спроведат овој налог.“ порача тој.
Градоначалникот изјави дека Нетанјаху не е добредојден во градот.
„Бенјамин Нетанјаху не е добредојден во Њујорк, како ниту еден друг воен злосторник кој е на слобода“, рече тој






