ВИДЕО: И Карла Бруни  прошета на специјалната модна ревија на „Викторија сикрет“

По пауза од шест години, вчера во Њујорк, САД, се одржа модна ревија на „Викторија сикрет“. Посебно внимание привлече поранешната прва дама на Франција, Италијанката Карла Бруни која прошета на модната писта во црн корсет и црни мрежести чорапи. Тоа беше нејзиното прво и „веројатно последно“ појавување во долна облека, се пошегува таа во интервју за „Пејџ сикс“ (Page Six).

– На мои години?! Многу е возбудливо, но и многу поразително, навистина. Затоа што, знаете, никој никогаш не се навикнува да биде на модната писта без разлика колку долго го правите тоа, изјави Бруни пред шоуто.

Таа почнала да се занимава со манекенство во 1987., кога имала 19 години. Работела со врвни модни куќи, како „Шанел“, „Версаче“, „Диор“, „Живанши“ и „Сен Лоран“.

– Сепак, има нешто посебно во поканата од „Викторија сикрет“. Забавно е да се стане „ангел“. Ќе добијам „крилја“. Сега единствено жалам што мојот сопруг не е тука. Ќе доживееше срцев удар, истакна таа, мислејќи на поранешниот француски претседател Никола Саркози.

Иако моделите некогаш беа познати по интензивните режими на исхрана и вежби пред ревиите, Бруни рече дека не ги променила многу навиките додека се подготвувала за модната писта. Иако сè поретко е на пистите, таа признава дека нејзиниот омилен дел од секоја ревија е времето со нејзините колешки-модели зад сцената.

– На 56 години… Мора да имате многу потрезен живот. Не пијам многу – можеби еднаш месечно. Најважните работи се добриот сон и многу вежбање… Да се ​​биде со тимот е прекрасно… Разговараме, се смееме… Тоа е убавата страна на модата – тоа е групна работа, заклучи таа на крајот.

Покрај Карла, и Тајра Бенкс се враќа на сцената – првпат по 20 години. Нејзе ѝ се придружија и Џиџи Хадид, Палома Елсесер, Иман Хамам, Кендис Своунпул, Грејс Елизабет, Тејлор Хил, Мајова Николас, Девин Гарсија, Барбара Палвин, Бехати Принсло, Јасмин Тукс, Адријана Лима и други манекенки. Во музичкиот дел на вечерта настапи Шер.

Оваа година беа застапени и тн. „полнички модели“, како Ешли Грејм. Во минатото, „Викторија сикрет“ постојано беше цел на критики поради претставување и фаворизирање слаби модели. Сега модната компанија има спротивна политика.

Back to top button
Close