(ВИДЕО) Џиновската гитара на Лени Кравиц поставена среде Охридското Езеро
На две недели пред концертот на Лени Кравиц во Охрид, среде Охридското Езеро е монтирана неговата џиновска гитара, објави дискографската куќа „Авалон Продукција“, во чија организација е концертот.
„После сите светски метрополи, како Њујорк, Лондон, Париз, Лос Анџелес.. Лени Кравиц реши својата гитара да ја постави и сред една наша природна убавина – Охридското Езеро!“,велат од „Авалон Продукција“.
Концертот на Лени Кравиц ќе се одржи на 4 август на СРЦ Билјанини Извори во Охрид како дел од европската турнеја ,,Blue Electric Light” и промоција на истоимениот албум.