(ВИДЕО) Како ќе живее семејството на Асад во Москва – имаат 20 станови во најлуксузниот дел на Москва

Поранешниот сириски претседател Башар ал Асад, неговата сопруга Асма, Британка и нивните три возрасни деца ќе започнат нов живот во Русија откако Владимир Путин им даде азил, пишува Дејли мејл.

Американскиот Стејт департмент проценува дека семејството има две милијарди долари, а нивното богатство се крие на бројни сметки, фиктивни компании, даночни раеви и недвижен имот.

Семејството има и голем имот во Москва, па сигурно ќе продолжат да живеат луксузно во егзил. Во последните години тие купиле најмалку 20 станови во Москва во вредност од над 30 милиони евра. Апартманите се наоѓаат во комплексот Москва Сити Капитал полн со луксузни стаклени облакодери.

Кремљ во понеделникот потврди дека семејството добило азил по директна наредба на Путин. Г-ѓа Асад, која се бори со агресивна форма на леукемија, се верува дека пристигнала во Москва со ќерката и двата сина неколку дена пред нејзиниот сопруг конечно да побегне од Сирија. Семејството – вклучувајќи ги синовите Хафез и Карим, на возраст од 24 и 21, и ќерката Зеин (22) сега се очекува да живеат во Русија, иако сè уште не е познато дали тие ќе живеат во приватен дом или ќе бидат принудени да останат во владино безбедно сместување.

Роднините на Асад, семејството Махлуф, на чело со неговиот вујко Мохамед Махлуф, се сметаат за второ најбогато и најважно семејство во Сирија, а исто така имаат значителен имот во Русија.

Облакодерот со кули близначки – кој беше највисоката зграда во Европа до отворањето на лондонскиот Шард во 2012 година – е дом на некои од најбогатите руски бизнисмени, владини министерства, хотели со пет ѕвезди и мултинационални компании.

Раскошната зграда би можела да стане дом на семејството Асад, кои започнуваат нов живот во егзил.

Back to top button
Close