Претседтаелот на Парагвај, Пења поднесе оставка по скандалот со „Уено банка“


– Претседателот на Парагвај, Сантијаго Пења денеска поднесе оставка во момент кога пратениците дебатираа за негово отповикување поради банкарскиот скандал што ескалираше во политичка криза.

– Донесов одлука да поднесам оставка од функцијата претседател на Републиката. Го правам ова имајќи ја предвид стабилноста на нашата земја, социјалниот мир и потребата да ги зачуваме нашите демократски институции, објави Пења на платформата Икс.

Пења стапи на функцијата во 2023 година. Тој поднесе оставка 48 часа по избувнувањето на банкарската криза предизвикана од влошената финансиска ситуација „Уено банка“. Пења до неодамна поседуваше акции во банката.

„Уено банка“ е ставена под привремена администрација на Централната банка на Парагвај, сметките и се замрзнати, што влијае на клиентите и исплатите на пензиите. Банката има 2,94 милиони клиенти, што е околу 60 проценти од возрасната популација на Парагвај.

Кризата предизвика и улични протести во главниот град на Парагвај, Асунсион.

Back to top button
Close