Видео: Кога ќе бидам премиер ќе те влечеме по улици, ќе бришам под од тебе. Арсовска тврди дека Мицковски и се заканувал

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска вечерва во емисија на Канал 5 излезе со сериозни обвинувања на сметка на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

 

Таа вели дека Мицкоски и упатил закани за тоа што ќе се случува кога ќе стане премиер.

-Јас да, сум имала закани од Христијан Мицкоски и тоа конкретно, лично и директно со зборовите: Кога ќе бидам премиер, ќе те влечеме по улиците, ќе го бришеме подот со тебе“, рече Арсовска.

 

На примедбата од новинарот дека кажува сериозни обвинувања таа рече дека ова го има кажано јавно неколку пати но немалп никаква реакција од институциите. Замислете рече Арсовска. вака се заканува човек кој претендира да биде на власт.

Прашана дали кога ја договарале подршката за нејзината градоначалничка кандидатура имале некаков договор со Мицковски кои таа не го испочитувала Арсовска рече дека договорот бил да работат за доброто на Скопје и граѓаните.

Back to top button
Close