(ВИДЕО): Македонската претставничката на Евровизија го фрли знамето за да се слика и без него
Денеска во Торино, на свечено отворање на овогодинешното евровизиско издание, беа пречекани натпреварувачите и нивните делегации, објави ТВ 21.
При пристигнувањето, евровизиската претставничка на Македонија, Андреа Коевска во рацете држеше македонско знаме, кое подоцна одлучи да го фрли и да се фотографира без него.