ВИДЕО: „Мавровка“ ќе го добие третиот и најголем зелен покрив во Скопје

Од напуштен и неуреден простор, ова место го претвораме во нова зелена површина за граѓаните.

Еве како ќе изгледа покривот на Мавровка според проектот од реномираниот и наградуван архитект, Бесиан Мехмети. Ново зелено место со над 40 различни видови на садници на вкупна површина од 4000 метри квадратни.

#ЧекорПоЧекор го враќаме зеленилото во нашето Скопје, објави градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов на Фејсбук. Видеото е достапно тука.

Back to top button
Close