(Видео) Мицкоски: Ја очекуваме оставката на Заев, во спротивно ќе ѝ изгласаме недоверба на неговата влада

Ја очекуваме оставката на Зоран Заев, која што ја најави, ако тоа не се случи ќе ја започнеме постапката со која ќе се изгласа недоверба на оваа влада која што ја води Зоран Заев и СДСМ.

Затоа и беше оваа средба денеска, за да излеземе пред јавноста дека постои мнозинство во парламентот, кое што доколку Заев не ја достави сотавката ќе изгласа недоверба на неговата влада.

Тој додаде дека за сѐ друго ќе разговараат и ќе одлучат.

„Едната опција е ново парламентарно мнозинство кое ќе избере нова влада, а втората е брзи избори“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој не сакаше да одговори на прашањато дали на државата во овој момент ѝ се потребни избори.

Доколку Заев поднесе оставка, во тој случај Собранието само ќе ја констатира оставката на премиерот и со тоа и на Владата. По ова, следи рок од 10 дена претседателот на државата Стево Пендаровски да го додели мандатот на Мицкоски, при што тој како доказ дека има мнозинство ќе ги приложи собраните потписи за новото мнозинство. По ова во рок од 20 дена Собранието ќе треба са закаже седница за избор на нова влада.

Ако Заев не поднесе оставка, тогаш ВМРО-ДПМНЕ и новото мнозинство ќе ја поднесат иницијативата за недоверба на Владата. Претседателот на Собранието по примање на иницијативата во рок од три дена треба да свика седница за недоверба на Владата.

Back to top button
Close