(Видео) Мицковски- Никој од ВМРО ДПМНЕ не е организатор на 27 април, народот се самоорганизираше

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска сведочеше за настаните од 27 април, 2017 година во Собранието, кога многу новинари и пратеници беа повредени.

Како што истакна Мицкоски пред судот, никој член од неговата партија не бил дел од организацијата при упадот во македонскиот Парламент.

„Народот се самоогранизираше тој ден. На дел од тие протести бев и јас. Протестиравме против погрешните политики и ценам дека е демократско право да изрази револт против определени политички партии и структури. Ниту било кој член на ВМРО-ДПМНЕ е дел од организацијата при упадот“, истакна Мицкоски.

Back to top button
Close