(Видео) Мицковски- Задолжителен референдум за раскинување на договорот за пријателство со Бугарија

 

Јас и ВМРО ДПМНЕ ќе повикаме да се гласа ЗА референдумското прашање -дали сте за напуштање на договорот мегју Република .Македонија и Република  Бугарија за добрососедство и пријателство изјави лидерот на  ВМРО ДПМНЕ по неколкучасовен состанок на Извршниот комитет на партијата.

На прес конференција претседателот Христијан Мицкоски рече дека ВМРО-ДПМНЕ поддржува интеграција во ЕУ, но не поддржува асимилација и идентитетско обезличување.

-ИК донесе одлука за граѓанска иницијатива за собирање потписи за референдум. Во наредната недела ќе собереме најмалаку 100 кваификувани потписи за иницијативата да ја доставиме во Собранието.

По одобрувањето, ќе започнат роковите за собирање потписи за задолжителен референдум. Референдумксото прашање ќе се однесува на Договорот со Бугарија кој го склучи Заев. Тоа е основата на проблемот. ВМРО-ДПМНЕ ќе повика да се гласа „за“ на прашањето.

Власта да дозволи народот да се изјасни, порача Мицкоски.

 

 

Back to top button
Close