(ВИДЕО) Млад брачен пар скокна со бебето во прегратка од 7-ми спрат

Ужасна трагедија го потресс Бразил. Млада брачна двојка и нивното бебе загинаа при обид да се спасат од пожар.

Околу 10:30 часот во нивниот стан во Валпараисо де Гоис, недалеку од Бразил, избувна пожар во средата и за да се спасат, нивниот единствен излез било да скокаат од терасата на нивниот стан на седмиот кат. Тие не преживеаја.

Graciana Rosa de Oliveira (34), Luiz Evaldo Lima (28) и нивното бебе Лео скокнаа во паника од огнот. Соседите известија дека ги слушнале криците и веднаш излегле да ја проверат ситуацијата. Забележале огромен пламен, кој исто така ги зафатил соседните станови.

Десетина луѓе се повредени. 40 пожарникари учествуваа во гаснењето на пожарот, а според нивното првично сомневање, причината веројатно е протекување гас, но истрагата е во тек.

Back to top button
Close