ВИДЕО: Новинарите од ТВ21 сведочат што точно разговарале со МВР и АНБ
Вчеравечер во полициска станица во Центар, на информативен разговор, по големиот собир на плоштадот „Македонија“, беа повикани главниот уредник на ТВ21, Ерол Шакири и новинарот и уредник на вести, Јовица Пауноски.
Со свое сведоштво за настанот излегоа токму колегите кои истакнаа дека МВР ги посетила и ги земала сите потребни документи, по што по кратко време повторно се вратиле и ги повикале на разговор.
Како што велат, соопштението за активната забрана за Штип и Кочани е добиено 10 минути откако веќе биле во полициската станица, по што добиле информација дека истото ќе биде надградено и ажурирано.
На ова се надоврза и Шакири кој нагласи дека ТВ21 секогаш работи по закон, и никогаш до сега не прекршила закон.
„За дрон под 245 грама не треба дозвола за летање и сертификати, ние тој дрон секогаш сме го користеле. Сега наводно, и ние сега ја дознавме информацијата, законот е сменет во јануари и грамажата е смалена на 200 грама, меѓутоа за тоа ние дознаваме денеска затоа што на страната се уште нема нова информација“, вели Шакири.
Целото видео во продолжение: