ВИДЕО: Објавена снимка од Мицкоски како влегува во кафеаната на Боемска

Новинарката Јорданка Ивановска-Јоци на својот Фејсбук профил објави снимка, за која, како што вели, е направена на влегувањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во кафеаната на Боемска улица во Скопје, каде бил во затворениот дел, нешто што е забрането, со сегашните протоколи за работа на угостителски објекти.

❗#Христијан #Мицкоски, снимен како влегува во затворениот и забранет дел во кафеаната ,,Чардак". Без маска. Пред инцидентот со Пазарна инспекција, спречена во вршење на контрола во овој објект, кој, сега има кривична и пред да седне со своето друштво, кое, неофицијално и непотврдено биле: 👉д-р Владо Столевски [кој живее во заедница со Јасна Мандиќ, обвинета во ,,Рекет], 👉Љупчо Андоновски, екс директор на ДБК и 👉Ален Зекиров, екс телохранител на Сашо Мијалков [седел на страна].Повеќе на линкот:https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=10222378208903991&id=1230857287Мицкоски, самиот вчера, на тв, се пофали дека се поздравил со многу луѓе на Боемска улица во Дебар маало.И, бидејќи е многу славен како џанам да е Џенифер Лопез, луѓе ми испратија снимка каде се гледа како маската ја мафта в рака и не му е прописно ставена на лице. Луѓето си го снимале чоканчето, овој им влетал во кадар. Јавниот интерес е поголем од чоканчето. #Мицкоски, ти како се поздравуваше со луѓе без маска❓Колку владини уредби прекрши пред некој ден, како да си над сите закони❓Каква порака од позиција на лидер на ВМРО-ДПМНЕ испрати на граѓанството за време на пандемија #КОВИД19 – правете што сакате, како јас што си правам и кажете на крај дека не знаете протоколи❓А, знаеш колку луѓе твој Наќе казни за неносење маски како ти? Тебе ти треба некој да ти нацрта дека е пандемија или што е работава?И ти си сакал да водиш држава. Во некој нареден живот можеби и ќе ти се исполни оваа желбичка.

Jordanka Ivanovska-Joci 发布于 2020年6月5日周五

 

Back to top button
Close