ВИДЕО: Одењето во туристичките места не е проблем, но мора да се почитуваат мерките, вели Филипче

Министерот Венко Филипче во одговор на новинарско прашање на денешната прес конференција зборуваше за големиот бран на граѓани кои вчера во попладневните часови излегоа од Скопје, но и од другите градови каде има карантини и заминаа кон туристичките места.

Тој рече дека очекувано е кога има продолжен викенд граѓаните да одат во туристички места, но и во викендите кои ќе следуваат а кога се очекува да има убаво време. Тој вели дека планирано е во следната фаза на олабавување на мерките да се отворат и хотелите.

Сепак, Филипче потенцираше дека каде и да се наоѓаат граѓаните, дали во своите живеалишта или на други места, како што се туристичките места, мора да ги почитуваат мерките за носење заштитна опрема, да нема групирање и останатите мерки.

Back to top button
Close